1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Засилување на трансатлантската соработка

Со месеци беше облачно во односите меѓу Германија и Соединетите Американски Држави. Во меѓувреме, се чини, трансатлантските односи повторно се нормализираа. Чекор кон натамошното попушатње секако може да биде и планот што неодмана го претстави канцеларката Ангела Меркел што се однесува на нова соработка во економските односи. На економскиот форум во Давос таа се заложи за европско-американски внатрешен

default

пазар. На слична тема се разговараше и германско-американската стопанска средба во Хамбург во организација на Сојузот на германската индустрија:

Два дена 60-сетина претставници од стопанството и политиката од САД и Германија разговараа за потесна економска соработка меѓу двете змеји. Тоа е потребно и поради соочувањето со растечката конкуренција од Азија, изјави Јирген Фичен, од Дојче банк, но притоа призна:

„Сосем е очигледно дека постојат заеднички интереси што треба да се доградуваат и затоа овој обид трансатлатнските односи повторно да се исполнат со нов живот. Во разговорите постојано можеше да се слушне дека тоа не смее да се одвива со исклучување на еден или друг. Би било фатално до колку Европа и Америка треба да се постават наспроти Азија. Значи, мора да се остави простор и за партнерите од Азија„.

Истовремено, не смее да се превиди, дека врските меѓу Европа и САД се уште се далеку посилни отколку што кога и да е биле со Азија, дополнува Фичен. Бројките зборуваат за себе: билатералната трговија меѓу Европа и САД во 2005 година префрли 400 милијради евра. Дневно се одвиваат трансакции на увоз и извоз од милијарда и 250 милиони евра. Инаку, дводневната средба во Хамбург послужи како подготвка на самитот Европска унија – САД на 30 април во Вашингтон. Веројатно тогаш ќе биде склучен и трансаталнатски договор од кој ќе можат да профитираат обете страни, вели претседателот на Сојузот на германската индустрија Јирген Туман:

„Нема никакво сомневање дека таквиот договор ќе им даде нов полет на економските односи. Јас лично сум убеден во тоа„.

Туман смета на најмалку 3 порценти растеж и дополнителни работни места на двете страни. Конкретно со договорот се предвидува потесна соработка во енергијата и екологијата, хармонизација на финансиските пазари и борба против пиратеријата, како што подвлекува пратеникот во американскиот конгрес Џим Сенсенбренер:

„Се осмелувам да тврдам дека 90 проценти од патентите своето потекло го имаат во САД и Европската унија. Меѓутоа, се повеќе добиваме конкуренција од земјите на третиот свет, пред се од Кина, Индија и Бразил. Истовремено, мораме да ја задржиме нашата продуктивност за да го обезбедиме нашиот животен стандард. Затоа мораме да ја засилиме заштитата на интелектуалната сопственост со повлекување нови инвестиции во земјата„.

Зашто никој не би инвестирал во земја во која не се чувствува сигурен дека неговиот новитет веќе утре нема да биде копиран, вели Сенсенбергер. Пиратеријата на производите ги чини Американците годишно девет милијради долари. Според Јирген Фичен од Дојче банк, и на едно друго подрачје постои потреба од итно дејствување:

„Нашиот интерес е во тоа колку што е можно повеќе размената на капитал да биде ослободоена од бирократски оптоварувања, не сакам да кажам пречки, но мора да биде подобро и тоа да им го објасниме на законодавците. Имаме инетерс за тоа партнерите од обете страни на Атлантикот подобро да соработуваат што ќе обезбеди натамошна експанзија„.

На самитот САД – Европска унија кон крајот на април ќе се покаже колкаво влијание врз политичарите имала средбата во Хамбург.