1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Засилување на предизборната битка во Македонија

Синоќешната дебата во ТВ Сител само навести дека во албанскиот политички блок ДПА ќе води жестока изборна кампања за демистификација на лидерската и воената улога на Ахмети во воените конфликти во 2001 година.Во македонскиот блок веќе се прогнозираат идните коалиции

default

Опозиционата ДПА синоќа во тетово ја промовираше својата изборна програма.Три часа подоцна вицепретседателот Мендух Тачи се појави во уште една телевизиска дебата на ТВ Сител,во која се очекуваше најавениот дуел со лидерот на владеачката ДУИ.Отсуството на Али Ахмети се правдаше со непознавањето на македонскиот јазик.За Тачи тоа беше само алиби за бившиот водач на ОНА да ги избегне непријатните прашања што ДПА ги подготви за Ахмети.

-Навистина,ова е трагикомично.Мислам дека добро се договоривме за господинот Ахмети да има превод за неговиот мајчин јазик што не го знае добро.И мислам дека тоа не е никаква причина за да не учествува во оваа емисија.Тоа што се случи во претходната емисија немаше да се повтори сега.Крајно време е да се појави и да каже дека петте коминикеа на ОНА беа да се ослободат албанските територии од Славомакедонците,во загради,полициските и воените хорди на Славомакедонците и сите тие жени и деца што останаа во Шара,кога господинот Ахмети земаше инфузија, треба да објасни што се случи.Со него лично јас вечерва требаше да зборувам за многу нарачани убиства.

Тачи синоќа не прифати наместо Ахмети претставник во дебатата да биде потпретседателот на партијата,Теута Арифи.Тачи потоа си замина од студиото.Останува јасен впечаток дека во албанскиот блок ќе се води жестока изборна кампања за демистифицирање на лидерската и воената улога на Али Ахмети и мотивите за воените конфликти во 2001 година.Како што е извесно дека владеачката ДУИ ќе се обиде да го валоризира своето владеење со резултатите што ги постигна околу уставните реформи,официјализирање на албанскиот јазик и Тетовскиот универзитет.

Меѓу партиите од македонскиот политички блок исто така веќе се калкулира со идната коалициска влада.Екс премиерот Љупчо Георгиевски во Битола прогнозираше:

-ВМРО Народна се подготвува сериозно да направи коалиција со ДУИ и со новата Социјалдемократска партија на Тито Петковски.И мислам дека во нивните изјави во последно време тоа можете да го прочитате.

Наспроти овие проценки од лидерот на ВМРО Народна,видливи се зачестени контакти меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.

Груевски и Тачи вчера разговарале за можната постизборна коалиција,за стартот на кампањата и особено за изведување на фер гласање.

-Од наша страна не треба да се очекува дека ќе има некаков проблем,како што и немаше ниту на претседателските,ниту на локалните избори.Главните проблеми во минатото доаѓаа од другата страна,од владеачките партии,изјави Никола Груевски,челник на ВМРО ДПМНЕ.

Во предизборниот македонски амбиент не случајно е избрана и густината на меѓународните контакти,пред се од страна на премиерот Бучковски.Тој во Виена се сретна со австрискиот канцелар Шисел,а во Скопје доаѓа турскиот премиер.

Се очекува доаѓање и на генералниот секретар на НАТО,Шефер,откако веќе беа бугарскиот премиер Станишев,и шефот на УНМИК,Петерсен.

Лидерот на СДСМ се обидува да валоризира дел од поддршката за неговата меѓународна политика и особено ставовите за регионалната соработка и можниот независен статус на Косово.