1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Засилено лобирање за влез во НАТО

Паралелно со офанзивните дипломатски напори за добивање покана за членство во НАТО, во земјата кружат шпекулации- кој е планот на владата ако Грција сепак стави вето

default

Скопје во исчекување на самитот на Алијансата

На меѓународен план Македонија презема засилени дипломатски мерки за земјата да добие покана за членство во НАТО на престојниот самит во Букурешт и да се претстави македонскиот став по однос на проблемот со името со Грција. Пред домашната јавност пак изминатиот викенд некои медиуми во земјата објавија контра мерки кои Македонија би ги презела во случај Грција да стави вето на покана за членство во НАТОПолитичката и експертската јавност во Македонија главно ги отфрлаат објавените контра мерки.