1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Засилени подготовки пред изборите

Политичките партии на македонските Албанци,пред се владеачката ДУИ и опозиционата ДПА ги засилуваат подготовките пред престојните парламентарни избори.

„Загревање“ пред изборите-Тетово

„Загревање“ пред изборите-Тетово

Се кројат и кандидатските листи за изборните единици.Својата шанса за барем еден пратенички мандат ќе ја бараат и оние четири помали политички партии на Албанците во Македонија,било настапувајќи сами или во коалиција со поголемите етаблирани политички партии.Дел од предизборната тактика се секојдневните информации за премин на членови или ограноци на една партија во спротиставената.Професор Едем Азири од Штуловиот универзитет во Тетово ова го коментира:

-Мислам дека е тоа предизборно ЕПП,тоа е само пропаганда,еден од можните начини како на пример политичките оартии да дојдат до евентуална победа.