1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Засилени контроли за спречување на азилантите

Властите во Македонија тврдат дека ги преземаат сите мерки за да ги спречат лажните азиланти на пат кон земјите од ЕУ. Германија веќе најави дека ќе го преиспита слободниот режим

default

Македонските власти преземаат се` за да ја спречат злоупотребата на безвизниот режим со земјите на Европската унија, изјави за Дојче Веле помошник министерот за односи со јавност во МВР Иво Котевски. По изјавата на германскиот министер за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих дека ќе иницира проверка на визната либерализација за Македонија поради зголемениот број на баратели за азил, од МВР објаснуваат дека постојано преземаат мерки против злоупотребите.

Заклучно со вчерашниот ден, според официјалните податоци од граничните премини биле вратени 6.353 македонски државјани на кои не им е дозволен излез од земјата. Најголем дел од овие лица се од Скопје и од кумановскиот крај. Освен засилената контрола на границите од МВР објаснуваат дека во соработка со другите институции ги бараат физичките и правни лица што ги мамат граѓаните нудејќи им азил и работа во Европа.

Според Котевски, надлежните досега извршиле 398 контроли во 118 туристички

Mazedonien Ausweis

Гордана Јанкулоска

агенции, 38 друштва за превоз на патници и 22 лица превозници. До обвинителството биле поднесени три кривични пријави против осум лица за сторени кривични дела, од кои една за злоупотреба на безвизниот режим со ЕУ.

Котевски вели дека МВР ќе продолжи да презема мерки согласно своите надлежности и нема да дозволи поединци намерно или ненамерно да им попречат на граѓаните кои ги почитуваат сите одредби од преземените обврски во оваа сфера.

Сојузниот министер Фридрих е последен од низата германски политичари кои инсистираат да се преиспита одлуката за симнување на визите кон земјите од Балканот. Фридрих предупреди дека само во септември бројот на барателите на азил од Македонија се зголемил од 620 на 1040.

Ова не е прв пат земја членка на ЕУ да реагира за злоупотребите на визниот режим. Пред две години во Македонија министерот за азил и имиграција на Белгија Мелкиор Ватле лично побара од властите да работат на решение на проблемот. Како еден од начините тогаш тој го предложи и правилното информирање на луѓето за тоа што точно значи визната либерализација. Од МВР велат дека мерките се во повеќе насоки, а освен превенцијата содржат и секојдневни контакти со граѓаните.

Поврзана содржина