1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Заседава македонскиот совет за безбедност

Националниот совет за безбедност на Македонија претпладнево заседава околу позоцијата на државата во овој клучен период за процесот за решавање на косовското прашање. Од друга страна во Македонија се продлабочува внатрполитичката криза.

Во парламентот не дојдоа пратениците на ПДП

Во парламентот не дојдоа пратениците на ПДП

Тројца пратеници од Партијата за демократски просперитет не дојдоа на вчерашното парламентрано заседание. И коалициските прартнери од посилната Демокрастка унија за интеграција по вторпат во овој мандат најверојатно ќе го бојкотираат Собранието на Македонија. „Не сакаме да сме дел од праксата на демонтриање на Охридскиот рамковен договор. Зошто го велиме ова. Стана пракса во Собранието на Република Македонија, и закони кои треба да се донесат со двојно мнозинство, не се донесуваат. Се најавува законите кои беа донесени и со така нареченотот Бадентерово мнозинство, сега да се изменат без тоа мнозинство. “ вели Џевад Адеми од партијата на Али Ахмети.

Без шеснаесетте пратеници од опозицијата на Албанците не може да се реализира Бадентеровово правило за етнички и партиски консензус околу законите кои се донесуваат со двотретинско мнозинство.

Во владеачката ВМРО ДПМНЕ не се рамнодушни на највениот прекин на политичкиот дијалог. Извршниот комнитет ги разгледува опциите како и дали да се реализира средба на премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Засега реагира Силвана Бонева, шеф на парлемантраната група на ВМРО ДПМНЕ „Самиот чин на ДУИ и ПДП сметам дека повеќе е чекор на свртувањето на вниманието на јавноста, посебно на нивното членство од изборите кои беа во Сарај. Демократската арена е внатре во Собранието на Република Македонија.“

Не е среќно решение, иако е демократско право да се опрструира парламентото вели ЕУ амбасдорот во Скопје „Многу е битно сите страни да разберат колку е важно да се одржува политичкиот дијалог како услов за напредок на земјата и донесувањето на реформските закони.“ рече Фуере

ДУИ не случајно бојкотот на парламентот и прекинот на средбите власт опозиција го темпираше непосредно пред решавачките одлуки за Косово. Државниот врв претпладне ќе ја анализира македонската позиција и реакцијата по отврарањето на пакеото Ахтисари за идниот статус на северниот сосед, на протекторатот.

По иницијатива на претседателот на Македонија Бранко Црвенковски ќе заседава и Советот за безбендост. Тоа ќе биде средба со учество на мини владиниот кабинет, на која најверојатно ќе се разговара и за импликациите од откриената афера со шверцот на оружје од магацините на АРМ кон Бугарија и кон Косово како што пишуваа дел од весниците во Скопје.