1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Засега нема санкции за Северна Кореја

Советот за безбедност на ОН има намера да ги осуди ракетните тестови, но не и да ја санкционира Севрна Кореја. Петте постојани земји членки на Советот за безбедност на ОН, на вонредна седница не можеа да се спогодат во која форма треба да биде осудена Северна Кореја. Русија и Кина се изјаснија за едно решение, додека другите13 земји членки се залагаа за друга меѓународно правна резолуција.

Модел ракети - Северна Кореја

Модел ракети - Северна Кореја

Северна Кореја не е Иран, ни Вашингтон сака ескалација на кризната во Јапонското море, ниту пак Пјонгјанг располага со голем заканучаки потенцијал. Во ваков случај, на привремената членка во Советот за безбедност Јапонија и останува само да побара жестока реакција на Советот„Можното поврзување на атомското оружје, развојот на ракетите и тестовите е нова ситуација.“ вели амбасадорото во ОН Кензи Ошима

И додега загриженоста на САД е во границите, соседната земја Јапонија се чувствува вистински загрозена. Амбасадорот во ОН Ошима затоа предложи текст резолуција, во која жестоко се осудува серијата ракетни тестови и се бара од Пјонгјанг да ги продолжи шестпартитните разговори на кои учествуваат и вето силите САД, Кина и Русија.

Освен ова меѓународната заедница треба да спречи каква и да е подршка на ракетната програма. Јапонија, според Ошима одите и еден чекор понапред и веќе воведе санкции „Ограничување за сите северно корејски бродови за јапонските пристаништа, и забрана за влез во земјата за сите официјални претставници на Северна Кореја.“

Но казнени мерки или санкции не наидуваат на позитивен одглас кај Москва и Пекинг. Рускиот амбасадор во ОН Витали Чуркин не сака да слушне за санкции и не верува дека за тоа ќе чуе. Дури и ако дојде до тоа и Кина би рекла НЕ. Сепак и Пекинг и Москва изразија вознемиреност поради испуканите ракети, чии парчиња паднале и на руска територија.

Русија, Јапонија и САД се согласни дека, Северна Кореја мора да ги обнови шестпартитните разговори. Но рускиот амбасадор истакна „1998 година во слична ситуација имаше изјава за печатот на претседателот на Советот. Изјава на претседателот се чини посоодветна отколку резолуција.“

И Кина сака да се придржува до овој случај од 1998 година.

Реакцијата на Советот за безбедност сепак треба да биде брза и силна, си посакува амбасадорот на Јапонија. Но дали до петок ќе има резолуција или најмалку јасна изјава сеуште не се знае. Сигурно сепак е како што рече и американскиот амбасадор во ОН Џон Болтон „Никој не го брани она што го стори Северна Кореја.“