1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Засега е добро

Луѓето во Мексиканскиот залив може да здивнат - цилиндерот поставен минатиот четврток останува врз изворот на нафта. Одлука за натамошните чекори ќе се носи секои 24 часа.

default

Малите меурчиња и траги од нафта, пронајдени во близина на изворот на длабочина од 1.500 метри, според досегашните сознанија на американската влада, не претставуваат причина за поголема загриженост. Претставникот на владата задолжен за чистење на оштетениот нафтен извор во Мексиканскиот залив, Тед Aлен, најави дека секои 24 часа ќе биде носена одлука, како ќе се постапува понатаму. Aлен индиректно го критикуваше концернот БП, бидејќи на викендот објави дека цилиндерот ќе остане врз изворот се’ до неговото конечно затворање. Тоа според Aлен е пребрзо, и постојат уште многу неодговорени прашањa. Иако никој не го сака тоа, сепак може да се случи цилиндерот да мора да биде барем и делумно отворен, за да се испушти нафта и со тоа да се намали притисокот. Нафтата, во таков случај, преку проводници ќе мора да биде испумпувана во бродови. Додека да биде спроведена ваква акција, би можеле да поминат повеќе денови, кога повторно во морето ќе се излеваат милиони литри нафта.

Пред точно три месеци во Мексиканскиот залив експлодираше платформата „Дипвотер Хорајзон“ и ја предизвика најголемата еколошка катастрофа во историјата на САД.

Автор: Ана Енгелке/ Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска