1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Запрена употребата на вакцина против грип од Новартис

Германските власти се придружија на делумната забрана за дистрибуција на вакцината против грип од швајцарскиот концерн Новартис, која беше воведена веќе во Италија, Австриjа и Швајцарија.

Надлежниот институт Паул-Ерлих ја повлече дозволата за употреба на вакцината поради можните придружни дејства. Овој чекор е направен со цел да се заштитат пациентите, соопшти шефот на институтот, Клаус Цихутек. Новартис претходно известил за случаи на појава на мали честички во вакцините кои би можеле да предизвикаат реакции. Во Германија инаку, досега не се забележани сомнителни придружни дејства на вакцината.

Сега се вршат проверки на квалитетот на вакцината против грип од Новартис, која е можно да е загадена.

Ширум Европа се работи за милиони дози вакцина која во различни земји се дистрибуира делумно под различно име.

Кратко по приемот на вакцината може да дојде до реакција и неподнесување, изјави претседателот на германскиот институт Паул-Ерлих, професор Клаус Цихутек, односно алергиски реакции.

Во Италија во вакцините беа откриени бели честички, по што здравствените власти ја повлекоа кочницата во средата (24,10) за натамошна примена додека да бидат завршени проверките.

Шефот на Новартис во Швајцарија Јозеф Јименец изјави дека вакцините се сигурни и делотворни. Според него, при производството може да дојде до појава на белковни честички без тие да имаат влијание врз сигурноста на вакцината.