1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Започна судскиот процес за убиството на Динк

*

Денеска во Истанбул започна судскиот процес пртов осумнаесет осомничени за убиството на турскиот новинар од ерменско потекло Хрант Динк. Неколку стотици демонстранти во близина на судот бараат виновниците да бидат соодветно казнети. Двајцата осомничени за организација на убиството се очекува да добијат казна доживотен затвор, додека 17-годишниот Огун Самаст, кој призна дека стрелал врз новинарот, може да добие 18 до 24 години зад решетки. Динг, познат критичар на ограничувањето на слободата на печатот во Турција и човекот кој го осуди геноцидот на ерменското население во Турција, беше убиен на 19. јануари пред влезот во редакцијата на весникот „Агос„ каде беше главен уредник.