1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Започна судењето за аферата со запленето оружје

Денеска во Кривичниот суд во Скопје започна судењето за аферата со запленетото оружје од АРМ за што се обвинети осум лица. Поради тоа што еден од нив не се појави во судницата, со образложение дека работи во Украина, судењето е одложено за 6 јуни. Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената должност и дека и нанеле штета на државата во изноз од 690 илјади долари. Според нивните адвокати, обвинетите не шверцувале оружје. МВР лани на 14 декември во три бугарски камиони на излезот од Скопје, заплени 300 парчиња митралези и муниција.