1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Започна Светската Конференција за климата

Со драматично предупредување од можните катастрофални влијанија на промената на климата , денеска во кенискиот главен град Најроби започна 12-та меѓународна Конференција за климата. Околу 6000 делегати од целиот свет , на средбата која ќе трае до 17 ноември , ќе дискутираат за тоа со какви мерки светот може да и им се спротистави на влијанијата на климатските промени.

default

Она што за повеќето од 6000 странски делегати денеска претпладне во Најроби излгедаше како пропаст на светот , за кенијските домаќини , беше само еден нормален метеоролошки феномен: Сезоната на дождови . Точно на отворањето на Светскиот Самит за климата се отвори небото над Најроби . Но што е тука нормално , кога , на неполни 200 километри одалеченост од Најроби милиони луѓе со години , залудно чекаат да падне дожд.

Оваа одговорност треба си ја постави светот – побара кенискиот потпретседател Муди Авори на отворањето на конференцијата :

“Ние сме тука во служба на човештвото , бидејќи промената на климата е една од најголемите закани во историјата . Во прашање е егзистенцијата на милијарди луѓе пред се на најсиромашните во светот ”

Делегатите од 189 земји беа согласни , дека промената на климата во рок од 20 години од апстрактно сценарио стана горка вистина. Во најроби треба да бидат поправени слабостите во заштитата на климата по истекувањето на Кјото протоколот во 2012 година . Истотака ќе стане збор и за итно неопходните прилогодувања на веќе долго присутните климатските промени.

Притоа земјите во развој треба да бидат вклучени во тоа и да бидат подржани – истакна Ахим Штајнер , директор на програмата за заштита на животната средина на ОН , УНЕП.

Сиромашните повеќе не смеат да го поднесуваат она што го предизвикаа индустриските нации во последните 100 години –истакна Штрајнер додавајќи:

“Емисиите на јаглерод диоксид остануваат во атсмоферата до 200 години . За земјите во развој едноставно не е прифатливо, денес да бидат донесени на маса да се занимаваат со промените на климата , каде нема да биде земено предвид дека најнакрај индустриските земји имаат најголема одговорност за тоа”

Одговорност за грешките од минатото , стратегии за осигурување на иднината , гласи девизата откако во изминатата недела Штерн- извештајот за климата објави дека на светската економија и се заканува пад од 20 проценти поради промената на климата .

Една брза глобална офанзива против ефектот на стаклена градина , со целно насочени инвестиции во заштитата на животната средина , сепак можат да го спречат најлошото и на економијата да и обезбедат енормни профити . За шефот на УНЕП , Германецот Ахим Штајнер целта е висока :

“Доколку во Најроби не смениме поголема брзина , тогаш оваа конференција би била пропуштена шанса”

До крајот на наредната недела , учесниците на Конференцијата имаат време да го утврдат возниот план за климата во иднина.