Започна самитот на АПЕК | Свет | DW | 18.11.2006
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Започна самитот на АПЕК

Денеска во Виетнам започна самиот на земјите од азиско пацифистичката економска соработка, АПЕК. На средбата на која присуствува и американскиот претседател Џорџ, во фокусот се економските теми, но нема да бидат одминати ниту политичко безбедносните проблеми во светот. Бернд Муш Боровска за почетокот на самитот во Ханој.

Буш во Ханој

Буш во Ханој

Во центарот на вниманието се шансите и ризиците за светската економија. Во првите говори на шефовите на држави и влади на 21 земја членка на азиско пацифистичката соработка, се зборува за надминување на разликите во развојот на земјите членки на АПЕК, за стопанските реформи во земјите и безбедносните ризици, кои исто така го загрозуваат и економскиот развој. Индонезискиот претседател Сусило Бамбанг Јодхојоно, зборуваше за природните катастрофи како земјотреси или цунами, здравствените ризици од вируси како птичјиот грип или САРС, и за политичко безбедносните ризици наведувајќи го како пример нестабилноста и тероризмот, кои во изминативе години не ја погодија само неговата земја, туку целиот регион на земјите члнеки на АПЕК:

„Меѓудржавните конфликти, насилство внатре во државите, нетолеранцијата и екстремизмот се исто така штетни и за економијата, ја минираат продуктивноста, и му стојат на патот на заедничкиот развој. За да му се спротивставиме на ова мора да го зајакнеме меѓурелигиозниот дијалог и толеранција меѓу земјите на АПЕК. Со ова ќе се подобри и стопанската размена.’’

Со голем интерес се очекува говорот на новиот тајландски премиер Сурајуд Чуланонт, кој беше назначен на функцијата по воениот пуч во земјата. Чуланонт на земјите од АПЕК им вети наскоро враќање на Тајланд на патот на демократијата, како и дека оваа земја ќе стане подобро место за бизнис и подобро ќе соработува со оснатаните земји од АПЕК.

На самитот во Виетнам пристигна и американскиот претседател Џорџ Буш. Тој во Виетнам овој пат не дојде со очекуваниот подарок. Договорот за долгорочно нормализирање на американско-виетнамските економски односи постигнат пролетоска, минатава недела не доби зелено светло во Конгресот. Американскиот ополномоштеник за трговија, Сузан Шваб изјави дека спогодбата сепак ќе биде усвоена уште годинава.

Буш пред доаѓањето во Ханој изјави:

„Во 1994 година земјите од АПЕК во Богор, Индонезија потпишаа историски договор – либерализација на трговијата во регионот до 2020 година. САД ги поддржува во остварувањето на оваа цел. Дел од земјите на АПЕК сега зборуваат и за единствен АПЕК слободен пазар и мислам дека тоа треба да се разгледа сериозно.“

Но, најважна цел на самитот во Ханој е повторно од мртва точка да се покренат во јули пропаднатите преговори за либерализација на светската трговија.