1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Започна процесот против осомничените силувачи во Индија

Речиси шест недели по смртта на индиската студентка која беше силувана, почна процесот против осомничените сторители. Ним им се заканува смртна казна.

Во Индија започна процесот против петтемина осомничени силувачи на 23-годишната студентка, која две недели по грозоморниот чин им подлегна на повредите.

Осомничените се обвинети за убиство и им сe заканува смртна казна. Во предпостапката мажите се изјаснија за невини. Меѓутоа државното обвинителство има силни докази. Истражните органи утврдија траги од крв на жртвата на облеката на мажите.

Кога ќе биде донесена правосилна пресуда, засега не може да се предвиди. Против одлуката на судиите тие можат да поднесат жалба. Во случај да бидат осудени на смрт, можат да побараат помилување од претседателот.

Случајот предизвика огромно негодување во земјата и во странство. Во Индија се одржаа и досега невидени протести и се отвори широка дискусија за правата на жените.