Започна процесот против еден од бомбашите од Германија | Вести | DW | 11.04.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Започна процесот против еден од бомбашите од Германија

Осум месеци по апсењето на осомничените подметнувачи на куфери бомби во Германија, денеска во Бејрут започна судењето на едниот од нив, но кратко потоа е одложено за 18 мај. Според обвинението, либанецот Џихад Хамад ги наполнил куферите со експлозив, од кои едниот беше оставен на железничката станица во Келн, а другиот беше оставен во воз. За среќа поради техничка грешка не експлодираа. Мотивот на напаѓачите, било јавното прикажување на спорните карикатури со светецот Мохамед во германските весници.