1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Започна пристапниот дијалог Македонија- ЕУ

Еврокомесарот на проширување Штефан Филе го отвори дијалогот на високо ниво меѓу Македонија и Европската унија со пораката дека иднината на земјата е во Унијата и оти реформите мора да продолжат.

Во Скопје денеска (15.03.2012) беше отворен пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и Европската унија со кој копретседаваат еврокомесарот за проширување Штефан Филе и македонскиот премиер Никола Груевски.

„Она што го започнуваме денеска е сеопфатен процес, активна политика на дијалог меѓу нас и е инклузивна рамка за реформите кои ќе бидат во корист за сите граѓани“, беа зборовите со кои еврокомесарот Филе денеска го отвори пристапниот дијалог .
Тој истакна дека Европската комисија е убедена дека иднината на Македонија е во ЕУ.


„Сакаме да работиме заедно со вас за вашето членство во ЕУ да стане реалност. Ве уверувам дека сум посветен на поддршка на вашиот реформски процес. Убеден сум дека вашата иднина е во ЕУ и дека заедно можеме да оствариме реален одржлив и видлив напредок во реформите и приближувањето кон ЕУ“, рече Филе.

Груевски: Дијалогот -корисна алатка

Премиерот Груевски од своја страна подвлече одека македонската влада има силна политичка волја да продолжи да испорачува резултати во реформите во сите областии оти се надева дека тоа ќе биде валоризирано во извештајот за напредокот на земјата за 2012-та година.
„ Уверен сум дека пристапниот дијалог на високо ниво ќе биде една корисна алатка за динамизирање на македонскиот пат за пристапување кон ЕУ и дека ќе даде поголема видливост на европската перспектива и припадност на Република Македонија“, подвлече Груевски.


Тој посочи отицелта епочнување на пристапните преговори што е можно поскоро оваа година.
„Свесни сме дека тоа нема да се случи преку ноќ. Не‘ чека обемна работа и затоа со овој дијалог ќе дадеме нов поттик на евроинтеграциите, не со цел да ги супституираме пристапните преговори, туку да ги искористиме како мост до преговорите кои неизбежно ќе дојдат“, рече премиерот Груевски.
Петте клучни области кои заеднички се усогласени, а се прифатени со дијалогот на високо ниво, се владеење на правото, јавната администрација, слобода на медиумите, изборната легислатива и функционална пазарна економија. Покрај заеднички Акционен план, ќе бидат формирани работни групи, а ќе се организираат и експертски состаноци за петте клучни области.
На состанокот присуствуваа повеќе министри од Владата од ресорите во посочените серии од реформите, како и претставници на Делегацијата на Европската комисија во Скопје.
Еврокомесарот Штефан Филе денеска во Скопје има средби со вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи, со лидери на политички партии, како и со претставници на граѓанското општество.

Автор:СН/ЖА/миа

Редактор: Ж. Ацеска