1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Започна празнувањето на Велигден

Со традиционалното вапцување на првите црвени јајца, денеска започна празнувањето на големиот христијански празник Велигден. Годинава денот на Христовото воскреснување го празнуваат во исто време сите христијани во светот.

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски им го честита Велигден на поглаварот на МПЦ, господин господин Стефан, како и на сите верници од православна вероисповед, а со посебна честитка и на католиците во Македонија.

Претседателот на парламентот Љубиша Георгиевски, покрај велигденски честитки за христијаните, упати честитки и по повод 8-ми април, Светскиот ден на Ромите. Овој ден годинава за прв пат ќе се одбележи како државен празник за Ромите во Македонија.