1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Започна големото вртење на „Коста Конкордија“

Пред италијанскиот остров Џиљо започна операцијата за извлекување на хаварисаниот брод „Коста Конкордија“. Во јануари 2012. година патничкиот брод доживеа несреќа во која животот го загубија 32 лица.

По тричасовно одлагање заради силна бура меѓународен тим ја почна операција за извлекување на туристичкиот брод „Коста Конкордија“, кој потона крај брегот на италијанскиот остров Џиљо минатата година.

Комлицираната фаза се очекува да трае од 10 до дванаест часа, со цел бродот да биде подигнат. Одложувањето на почетокот на операцијата не менува ништо во временскиот план, соопшти Серџо Ѓирото, од тимот на „Титан-Микопери“, кој ја спроведува операцијата. „Нашиот тајминг е непроменет“. Сѐ зависи од тоа како ќе се однесува остатокот од хаварисаниот брод. Тој перманентно ќе биде надгледуван. Бродот имено треба полека да биде завртен за 65 степени со помош на челични јажиња и тегови.

Според првични оценки, операцијата ќе ја чини компанијата сопственик „Коста Крочере“ околу 600 милиони евра.

Бродот „Коста Конкордија“ потона по удар во подводни карпи крај островот Џиљо на 13. јануари 2012 година. Во несреќата животот го загубија 32 луѓе. Бродот превезуваше вкупно 4229 патници и членови на екипажот.