1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Започна гласањето на палестинските парламентарни избори

На плаестинските територии од утринава е во тек историското гласање на парламентарните избори, први по десет години. 1,3 милиони граѓани со право на глас, треба да го изберат составот на новиот парламент во кој има место за 132 ца преставници.

Припадници на Хамас

Припадници на Хамас

Владејачката партија Фатах на претседателот Махмуд Абас се наоѓа пред голем предизвик. Последните анкети покажуваат дека трката со радикалниот Хамас ќе бисде изедначена. Престедателот Абас изјави дека изборите преставуваат прв чекор напред кон слободна и независна палестинска држава. Стотици полицајци се ангажирани за безбедноста на изборите чиј тек ќе го следат и 240 набљудувачи на ЕУ. На изборите за прв пат ќе учествуваат и преставници на организацијата Хамас. Еден од кандидатите, Махмуд Касар изјави дека преговорите со Израел не се нивна цел:

„ Преговори или разговори со Израел не се нашата намера. Преговорите или разговорите со Израел досега не постигнаа ништо. Дали очекувате од палестинскиот народ да прифати средби и големи насмевки чија цел е дека средбите имаат некаква цел. Конечно тие открија дека неможе да биде постигнато ништо од израелците што се однесува до националниот аспект. Ние нема да го повториме овој феномен„ рече Сахар

Вршителот на должноста израелски премиер Ехуд Олмерт изрази надеж дека палестинските избори ќе помогнат во унапредување на мировниот процес. Олмерт смета дека Израел ќе мора да се откаже од делови од западниот брег со цел да се заштити еврејското мнозинско население во рамки на границите.