1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Започна вториот круг од изборите во Македонија

Граѓаните можат да избираат меѓу Ѓорге Иванов од ВМРО-ДПМНЕ и Љубомир Фрчковски од СДСМ за претседател на државата. На локалните избори денеска треба да се изберат преостанатите 43 градоначалници во општините во земјата

default

Гласачките места денеска ќе бидат отворени од 7 до 19 часот. На претседателските и локалните избори право на глас имаат еден 1.792.082 избирачи евидентирани во Единствениот избирачки список.

Тие ќе можат својот глас да го дадат за еден од двајцата претседателски кандидати кои во првиот круг добија најголем број гласови Ѓорге Иванов од ВМРО-ДПМНЕ и Љубомир Фрчкоски од СДСМ.

На вториот круг од изборите за градоначалник се гласа во 43

Mazedonien Skopje

Денеска би требало да биде познат и идниот градоначалник на Скопје

општини и Градот Скопје. Прв круг за избор на градоначалник ќе има во осум општини и тоа во Желино, Маврово и Ростуше, Македонски Брод, Студеничани, Чучер Сандево, Долнени, Другово, Зелениково каде што има 69 избирачки места со 13.730 избирачи. За избор на советници прв круг гласање ќе има во 21 општина на 119 избирачки места со 12.275 избирачи.

Државната изборна комисија го достави изборниот материјал до сите општински изборни комисии, кои потоа го проследуваат до избирачките одбори.

Претседателски и локалните избори ќе ги следат досега најголем број домашни и странски набљудувачи. Акредитирани се 7.038 домашни и 544 странски набљудувачи. Од домашните најбројни се мониторите на Граѓанската асоцијација МОСТ, а од странските на ОБСЕ/ОДИХР.

Автор:С.Н/ МИА