1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Започна акцијата за спас на рударите во Чиле

Чилеанската државна рударска компанија „Коделко“ денеска започна со отворање тунел широк шеесетина сантиметри низ кој треба да бидат спасени 33 рудари, кои од 5 август се заробени во рудник, на длабочина од 700 метри.

default

Еден од затрупаните рудари

Спасувачкaта акција конечно почна. Oсвен специјалната дупчалка, која најпрво треба да ископа дупка од 15 метри длабочина, на располагање се и машини од Германија, кои треба да ги забрзаат работите. Спасувачите и роднините реагираат со олеснување:

„Собравме се‘, сега се обидуваме да допреме до местото кадешто се наоѓаат луѓето“, вели Андре Сугарет, инженер од спасувачкиот тим.

Долго време до спасот

Но, додека да бидат спасени рударите, ќе поминат најмалку три месеци. Екстремно долго време за луѓето на 700 метри длабочина. Нивната ситуација им задава грижи на лекарите и психолозите. Од фотографиите и снимките, кои рударите ги праќаат на површината, се чини дека сите се во прилично добро расположение. Некои од нив од срам не застануваат пред камерата и не се прикажуваат пред јавноста, на пример еден со прекар Ел Тикона. Неговиот другар Марио Сепулведа ја пренесува пораката:

Grubenunglück in Chile

Роднините трпеливо чекаат

„Тој веќе им кажа на својот брат и на жената дека ги сака, двајцата знаат зошто не излегува пред камерата, тој е срамежлив.“

Еден друг рудар, Естебан Рохас пак, и` предложи брак на жената со која живее повеќе години и има и деца, откако ќе се спаси.

Многу работа за психолозите

Но, меѓу рударите има и поплаки. Некои имаат проблеми со одвикнување од алкохол, други чувствуваат депресија. Прашање е колку долго тие можат да го издржат психолошкиот притисок. На совет на лекарите, рударите во меѓувреме се преместени во малку посув дел од окното.

Официјални лица изјавија дека е од исклучителна важност заробените рудари да се одржат во добра физичка и ментална состојба, бидејќи за време на спасувачката операција ќе мораат да помогнат, така што ќе треба да отстранат околу четири тони камења кои ќе се одронат кон нивното засолниште.

Спасувачките екипи користат три постоечки отвори од каде им се доставува храна, вода, воздух и лекови.

Автор: Хунгер Михаела/ Анке ван Лоен/ Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска