1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Запоставена Источна Европа

Коментар на Јохен Киртен

Јасмила Жбаниќ не треба да биде исклучок

Јасмила Жбаниќ не треба да биде исклучок

Во саботата беа доделени наградите на 56-тиот филмски фестивал во Берлин. Дванесетте фестивалски дена се зад синеастите, берлинската публика и посетителите од целиот свет. Беше ли тоа добро Берлинале што понуди нешто посебно? Го исполни ли очекувањето да се презенитира како политичко?

Да, беше политичко Берлинале зашто многу филмови децидно се занимаваа со политички содржини: со последиците од војните во Босна, во Авганистан или во Ирак, како и со судбините на жртвите од овие конфликти. Едно не смее да се заборави: Берлин секогаш, а пред се во 70-сеттите и 80-сеттите години, беше најполитичкиот филмски фестивал во целиот свет. Кан секогаш имаше големи ѕвезди, големиот гламур доаѓаше од Холивуд, но и со добри филмови, Венеција, третиот од големата тројка вниманието го насочуваше кон филмската уметност, пред се со европски и меѓународни авторски филмови.

Меѓутоа, Берлиналето беше и фестивал во град со ѕид, град во кој се протегаше границата на студената војна. Се случи и бојкот на руските филмови зашто американските филмаџии доаѓаа со ставови за војната во Виетнам. Фестивалот се најде и пред пропаст поради еден германски филм кој се занимаваше исто така со Виетнам, што навреди многумина во Германија.

Берлин секогаш беше платформа за филмови критични кон системите од многу источно-европски земји, вклучувајќи ја и ГДР. Се случуваа неброени кавги околу поканите до филамџии од источна Европа, а многумина филмски бирократи воопшто не доаѓаа на фестивалот. И со кинеските филмски власти доаѓаше до судири за делата кои таму не се сметаа за опортуни.

Значи, не е ништо ново што Берлиналето е политички фестивал. Изминатите денови беа само добро поврзани со старата добра традиција. Тоа што токму босанскиот кандидат - како единствен досега од Источна Европа - ја доби „Златната мечка„ може да се интерперетира како врв против составот на кандидатите, иако жирито тоа сигурно не го направи со намера. Меѓутоа, на тој начин индиректно укажа на главниот недостиг на Берлиналето: запоставувањето на источно-европските филмски нации вкулучувајќи ја Русија. Оној што барем еднаш ги посетил помалите специјални фестивали во Котбус или Висбаден, знае дека и покрај сите тешки и компликувани состојби за продукција во источно-европските земји, таму има цела низа филмови врдени за гледање.

Директорот Дитер Кослик и неговиот тим кој е во функција веќе пет години, доделувањето на „Златната мечка„ би требало да го види и како можен охрабрувачки апел: да се откаже од по некој средно-класен филм од Холивуд или од новата огромна продукција од Азија чија уметничка вредност се ближи кон нула, и место тоа да се сврти кон Источна Европа за да се поврзе со добрата стара традиција на Берлиналето.

Јохен Киртен