1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Запознај го својот град - кореографија на улица

Во својот проект „Bodies in Urban Spaces“ австрискиот кореограф Вили Дорнер ги испраќа танчерите во шарени тренерки на паркур низ градовите. Тие со своите тела создаваат скулптури.

default

Улиците на Линц инспирација за уметникот Дорнер

Скулптури од човечки тела.

Прилагодени на градското окружување.

„Bodies in Urban Spaces“, „Тела во урбан простор“ е наречен проектот на австрискиот кореограф Вили Дорнер.

„Ги поканувам луѓето, преку оваа работа повторно да го запознаат својот град, повторно да видат, да одвојат време, да го разгледаат градот и да го анализираат за себе“.

Како овде во Линц, Австрија паркурот минува секогаш среде градот.

Овојпат е долг два километри. Вили Дорнер ги пласираше своите скулптури насекаде.

На пример зад надгледувачка камера, онаму каде е мртвиот агол и камерата не може да снима.

Тела на места, кои во секојдневието воопшто не се забележуваат. Вили Дорнер токму тоа го става во преден план. Притоа отвора прашања за соодносот меѓу луѓето и архитектурата.

„Телото е флексибилно, тоа го заклучив и преку оваа работа. Но во суштина, ситуацијата е многу интересна. Оваа органска форма наспроти една цврста архитектонска форма. Тоа е нешто, што има влијание, што се гледа и чувствува“, вели кореографот Дорнер.

Изненадувачки, понекогаш апсурдни форми, секогаш за само неколку минути. На минувачите им се допаѓа идејата:

„Супер, едноставно многу убаво, интересно да се види и веројанто не може едноставно да се помине покрај, без да се види ова тело што лежи.“

„Се гледаат агли, на кои претходно не им се давала важност или воопшто не се гледало на нив така“.

Linz wird Europäische Kulturhauptstadt 2009

Со недели пред да се одржи некоја манифестација Вили Дорнер ја одбира патеката низ градот и ги планира формите и скулптурите.

Овде ништо не е импровизирано.

„Јас секогаш ги тестирам и меѓупросторите, меѓу шипката и ѕидот и гледам, за колку тела има таму простор, значи тоа е основната идеја на овој проект. Но јас започнав телата да ги поставувам како знаци, човечки знаци, графити во градскиот простор“.

Идејата за проектот кореографот ја доби пред десет години и со неа е на тура низ светот. За учесниците секогаш одржува кастинг на лице место - во Линц беа одбрани 17 луѓе. Кои скулптури ќе ги формираат, зависи од телесната состојба и издржливоста на учесниците.

„Автоматски се добива поглед, кога се минува низ градот, се размислува, да таму ќе ме собере и таму некој може да виси, се добива целосно поглед за тоа.“

Луѓе како изложбени експонати.

Кога учесниците исцрпени уживаат во завршниот аплауз, Вили Дорнер најчесто е веќе заминат, за да го подготви следното инсценирање на „Телата во урбан простор“.