1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Заплашувањето сведоци на Косово зема замав

Шефот на ЕУЛЕКС Бернд Борхарт и косовскиот вицепремиер Хајредин Кучи денеска оценија дека заплашувањето сведоци на Косово зело замав, а за тоа не треба на ниту еден начин да придонесуваат и новинарите.

Во отворено писмо на Борхарт (на фотографијата) и Кучи се наведува дека лицата кои донеле важна одлука да сведочат и да овозможат спроведување на правдата, треба да бидат пофалени, наместо јавно заплашувани поради својата храброст. Заплашувањето на сведоците не се извршува само преку испраќање директни закани кон некоја личност. На Косово само објавата поврзана со моралот на оној кој дава исказ е доволна причина сведокот да биде заплашен и да одбие да сведочи од страв за својот живот, нагласуваат двајцата претставници.

Тие сметаат дека наместо информации за сведоците, новинарите треба да им дадат приоритет на судските процеси, пренесува Танјуг.

„Правниот систем во Косово, како и другите правни системи, зависи од исказите на сведоците. Тие по сопствена природа се ранливи и многу често плашливи личности. Во интерес на јавноста е да му се обезбеди на секој сведок да го изнесе својот исказ“, стои во отвореното писмо на Борхарт и Кучи.