1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Запален олимпискиот оган за ЗОИ во Сочи

131 дена пред свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Сочи на Црното Море денеска беше запален олимпискиот оган во античкиот град Олимпија во Грција.

Во присуство на новиот претседател на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах денеска (29.09) во Олимпија се одржа традиционалната церемонија за палење на олимпискиот оган за Зимските олимписки игри во 2014 година во Сочи. За Бах посетата на Олимпија истовремено беше негово прво службено патување како претседател на Меѓународниот олимписки комитет. „Уверен сум дека Сочи ќе организира изворедни Игри“, рече Германецот на чело на МОК (IOC).

Огнот беше запален со помош на параболично огледало преку сончевите зраци. Првиот носител на факелот беше грчиот спортист во скијачко трчање Јоанис Антониу.

Олимпискиот факел, откако денеска беше запален огнот, повеќе денови ќе биде носен низ грчкиот главен град Атина. Таму тој на 5. октомври во стариот стадион на Панатинаико, каде во 1896. година се одржаа првите модерни Олимписки игри, ќе му биде предаден на Рускиот олимписки комитет. Еден ден подоцна олимпискиот оган ќе биде пренесен во Москва.

Олимпискиот оган за ЗОИ во Сочи ќе биде 123 дена низ Русија и ќе мине 65.000 километри.

Зимските олимписки игри ќе се одржат од 7. до 23. февруари 2014 година во Сочи.