1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Запален вечниот оган по повод 8-ми Септември

По повод Денот на независноста на Република Македонија, 8-ми Септември, денеска во паркот „Жена борец“ во Скопје беше отворен Споменик на паднатите херои за Македонија и беше запален вечниот оган.

Пред споменикот цвеќе положија премиерот Никола Груевски, претставници од Кабинетот на претседателот на Република Македонија и на македонското Собрание, радоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ.

По повод Денот на независноста денеска беше пуштена во употреба и новата зграда на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во објектот ќе се сместат вкупно 467 лица, од кои 366 вработени во Министерството и 101 од Агенцијата за храна и ветеринарство. Проектот вреден 4,3 милиони евра е реализиран за две години.

„Големите празници се одбележуваат со големи настани. Што една генерација ќе остави зад себе е нејзин избор. Ние избравме да работиме посветено, одговорно, упорно и макотрпно, избравме да инвестираме во сите области на општеството и нашето живеење, да вложуваме за нашите граѓани. Ние оставаме дела со кои ќе се гордеат граѓаните. Тие се нашиот најголем мотив“, истакна премиерот Никола Груевски пред пуштањето на новата зграда, кој додаде дека со градежните проекти во услови на криза му дава поддршка на градежништвото.

Изградбата на новата зграда на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е реализирана во рамки на Проектот за зајакнување на земјоделството во пристапот кон ЕУ, со финансиска поддршка на Светската банка.