1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Западот ќе ја финансира либиската опозиција

Претставниците на 22 земји и 6 меѓународни организации во Рим се договорија да формираат специјален фонд, преку кој ќе се финансираат либиските бунтовници. Договорено е првичниот износ да биде околу 170 милиони евра.

Учесниците на средбата во Рим

Учесниците на средбата во Рим

Најмоќните светски држави се договорија преку фонд да го финансираат либискиот бунтовнички Национален совет. Фондот во иднина ќе ги користи и средствата на либискиот лидер Моамер ел Гадафи кои во моментов се замрзнати низ светските банки, но во моментов тоа не е можно поради правните ограничувања. Проценките се дека досега на Гадафи му е замрзнат имот во вредност од околу 40 милијарди евра.

Првично бунтовниците ќе се финансираат од донации и заеми, а веднаш им се ставени на располагање околу 170 милиони евра, иако тие бараа две до три милијарди долари. Со фондот наизменично ќе раководат Италија и Франција.

Либиските власти ја осудија одлуката, оценувајќи го замрзнувањето на нивните фондови како пиратство.

Да се ограничи воената операција

Шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле ја оцени како успешна средбата на Контакт групата

Шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле ја оцени како успешна средбата на Контакт групата

Шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле ја оцени како успешна средбата на Контакт групата, особено јасно упатениот сигнал дека либискиот диктатор Моамер Гадафи мора да си замине од власт. Тој уште еднаш повтори дека најважно е да се најде политичко решение за кризата и да се ограничи воената операција.

„Јасно е дека воениот ангажман има свои граници, и тоа значи дека конечното решение може да се бара единствено преку политички процес“, рече Вестервеле.

Претставник на бунтовничкиот совет во Рим го претставил и планот за политички реформи, со кој се предвидува веднаш по заминувањето на Гадафи да се одржи референдум за нов устав, и парламентарни и претседателски избори во рок од осум месеци.

Автор: Штефан Трендлe / Борис Георгиевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска