1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Западот одлучен да ја продолжи операцијата во Либија

За тоа како би изгледала Либија по Гадафи, во Лондон разговараа претставници на 40-тина држави и меѓународни организации. Тие се заложија за продолжување на воените операции се’ додека цивилите се загрозени.

default

Заедничка фотографија на учесниците на конференцијата за Либија во Лондон

Задачата да извести за заклучоците на конференцијата ја имаше британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг.

„ Конференцијата покажа дека сме единствени во нашите цели. Единствени сме во тоа дека Либија не треба да претставува опасност за нејзините граѓани или за регионот, или пак уште пошироко. И единствени сме дека треба да се работи заедно со граѓаните на Либија на патот што ќе го одберат кон мирна и стабилна иднина.“

Гадафи може во егзил?

Велика Британија сакаше да стави акцент на учеството на арапски земји на конференцијата, па катарскиот премиер Шеик Хамад стоеше до Вилијам хејг. Тој на Гадафи му порача:

„Од Гадафи и неговите луѓе бараме да си заминат и да не предизвикуваат крвопролевања и натаму. Мислам дека е ова единствен начин да се реши проблемот најбргу што е можно.“

Италија и Германија се меѓу земјите кои како начин да се заврши конфликтот во Либија предлагаат на Гадафи да му се дозволи да замине во егзил, без да стравува од кривично гонење. Британија инсистира на тоа Гадафи да се соочи со судско гонење. Вилијам Хејг вели дека неговата земја нема да биде инволвирана во барањето рај за либискиот лидер.

„ Ние во Обединетото Кралство не сме ангажирани во барањето место каде што тој би можел да замине, што не исклучува другите да го прават тоа.“

Ал Каеда и Хезболах меѓу бунтовниците

На конференцијата е постигната согласност за спроведување на резолуциите на ОН со цел да се заштита цивилите, а се дискутираше и за хуманитарни прашања. Но, американската министерка за надворешнир аботи Хилари Клинтон стави јасно до знаење дека воздушните напади ќе продолжат се‘ додека Гадафи ги игнорира заклучоците на ОН и го напаѓа сопствениот народ.

На средбата во Лондон присуствуваа и претставници на либискиот преоден Национален совет. Беа третирани внимателно, со оглед на тоа што Западот не сака да создаде впечаток кај Либијците дека им кажува кој треба да биде во идната влада во земјата. Клинтон нагласи дека се‘ уште недостигаат информации за либиската опозиција. „Дури сега ги запознаваме“, рече американската министерка за надворешни работи. Во последните денови се појавија шпекулации дека меѓу либиските бунтовници се вмешале и терористи. Според извештаи на американските тајни служби, меѓу бунтовниците наводно има и членови на терористичката мрежа Ал Каеда и на шиитското движење Хезболах.

Автор: Оли Барат / дпа / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Симе Недевски

DW.COM