1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Западот не треба воено да интервенира

Воена интервенција на Западот во Сирија би можела да предизвика опасно разгорување на конфликтот во целиот регион. Сирискиот конфликт е покомплициран од оние во Ирак и Либија, смета Ибрахим Мохамад.

Deutsche Welle MD GLOBAL Fremdsprachen Arabisch Ibrahim Mohamad

Ибрахим Мохамад од Арапската редакција на ДВ

По најверојатната употреба на боев гас во близина на сирискиот главен град Дамаск расте притисокот врз американската влада воено да интервенира во Сирија. Најгласните повици за интервенција меѓутоа не доаѓаат од американски политичари, туку од британските, француските, турските и арапските. Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг дури изјави, мандат на ОН за воена интервенција во Сирија не бил неопходен. Но, пред сѐ, Саудиска Арабија, Катар и Турција се обидуваат да ги вовлечат САД и НАТО во сириското мочуриште.

Досега САД беа повеќе против воена интервенција. Зад тоа стојат прво нивната одбојност против радикалните исламистички сили во сириската опозиција. Така Министерството за надворешни работи на САД ја смета за терористичка организација Ал Нусра Фронтот, близок до Ал Каеда и една од најборбените групи бунтовници. Да се замени властодржецот во Дамаск со непресметливи радикални групи, од аспкет на Вашингтон не би бил напредок. Второ, се стравува од слични последици како во Ирак, каде по американската интервенција во 2003 година изби хаос, кој однесе стотици илјади жртви. Трето, воена интервенција во Сирија како последица би имала разгорување на конфликтот на целиот Блиски Исток, оти етничкото и религиозно различие во Сирија се протега во сите соседни држави сѐ до Саудиска Арабија и други држави во Заливот, богати со нафта.

Употребата на хемиско оружје да не се посматра немо

Меѓународната заедница не може едноставно да ја прифати употребата на хемиско оружје. Таа мора да го разреши ова страшно дело и сторителите да ги повика на одговорност. За тоа прво треба да бидат поддржани независните инспектори на ОН, кои во моментов го испитуваат случајот. Меѓутоа, западните политичари како британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг во моментов го прават спротивното, со тоа што одат чекор пред резултатите од истрагата. Наместо тоа треба да се спроведе независна и веродостојна истрага во тесна координација на Западот со Русија, Кина и Иран.

Оваа недела требаше да се сретнат дипломатите на САД и Русија за да ја подготват мировната конференција за Сирија, планирана за средината на октомври. По употребата на отровен гас средбата е одложена. Меѓутоа, мировните напори би морале да проолжат без оглед на ескалацијата во Сирија. Имено, колку подолго трае ужасот во Сирија толку повеќе паѓаат шансите за политичко решение.

Конфликтот во Сирија е покомплициран од кризите во Ирак и Либија

Сѐедно колку е тешко да се преговара со сириското раководство и да се убедат различните опозициони групи за политичко решение: САД и нејзините западни сојузници не треба да дозволат да бидат вовлечени во војна. Воена интервенција воопшто не е средство за решение, туку конфликтот ќе го направи покомплициран и ќе однесе стотици илјади жртви. Наместо тоа би морале интензивно да продолжат дипломатските напори за политичко завршување на сириската криза.

Во оваа смисла може само да се одобри ставот на претседателот на Комисијата за надворешни работи во Бундестагот, Рупрехт Поленц. Во едно интервју тој со право предупреди дека проширување на сирискиот конфликт би предизвикало разгорување на „пожарот“ во целиот регион.

Конфликтот во Сирија е многу покомплициран и потежок отколку кризите во Ирак или Либија. Етничкото и религиозно различие на Сирија се протега кај сите соседи сѐ до Саудиска Арабија и другите заливски држави. Воена интервенција во Сирија многу брзо би можело да се прошири дотаму, особено што Иран и Хезболах најверојатно исто така ќе влезат во војна.