1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Западот не знае што сака“

Западот во Авганистан е присутен пред се‘ воено. Но, тој се‘ уште нема одговор на прашањето- како таму да се стигне до посакуваната стабилна демократија. Многумина Авганистанци се огорчени поради тоа.

default

Западот не знае што сака, така барем мисли Хајатулах Рафики. Секогаш кога ќе го вклучи радиото, раскажува доцентот по литература од Кандахар, слуша различни мислења од Запад. Од една страна, ќе се разговара за стратегии за повлекување на трупите, од друга страна - треба да бидат продолжени мандатите на странските трупи и да се зголеми нивниот број.

64 годишниот Рафики огорчено вели дека не знае во што треба да верува при вакви противречни изјави. За замагленоста и нејасноста на целите на земјите кои ги сочинуваат меѓународните трупи и на авганистанската влада, Рафики има повеќе примери:

„Пред Каи Ејде еден Англичанец требаше да биде специјален ополномоштеник на генералниот секретар на ОН за Авганистан. Но, Карзаи го одби, зашто тој сакаше да разговара со талибанците. Карзаи стравуваше дека Англичанецот сака разговори со талибанците од сопствен интерес и дека тие не би биле добри за Авганистан. Но, сега и самиот Карзаи сака да разговара со талибанците. Тоа покажува дека секој го следи својот интерес, а тоа не е ни борбата против тероризмот, ниту безбедноста, ни обновата на земјата, туку цел која никој не ја знае.“

Неединственост на ставовите и целите

Многумина Авганистанци исто така не веруваат дека државите, кои се присутни со свои трупи во нивната земја, следат единствена, во интерес на Авганистан насочена стратегија. Мохамед Ибрахим Спесали, 32-годишен публицист од Хелманд, тоа вака го изразува:

„Америка, Германија и Канада не зборуваат во еден глас. Секоја од овие земји овде има свои интереси, не постои заеднички интерес. Овие земји се важни демократии со добра надворешна политика, но во Авганистан веќе загубија. Тоа го гледаме секој ден: денеска велат едно, а утре прават нешто сосем друго.“

Bundeswehrsoldaten in Dorf in Afghanistan

Авганистанците очекуваат повеќе од Запад

Јасни изјави, тоа би било она што го посакува, вели Хајатулах Рафики. И, ветувањата да се остваруваат. Во неговиот роден град Кандахар, кој се вбројува во еден од најнесигурните во Авганистан, универзитетскиот доцент секојдневно доживува насилство и закани од страна на локалните талибанци. Тој одамна се прашува:

„Кога странските војници конечно ќе му стават крај на тероризмот? Целиот свет зборува за тероризам, од минатата година тој е уште повеќе зголемен, не само во Авганистан, погледнете го Пакистан. Таму, во меѓувреме, е толку лошо како никогаш досега, секој ден гинат стотици луѓе. Но, каде се води борба против тероризмот?“

Прашања како овие раѓаат растечка несигурност и недоверба кон странските трупи во Авганистан. Какви планови има Западот со земјата на Хиндукуш? Западот овде мора да даде јасни одговори.

Автор: Мелани Ридел и Најибулах Зејармал / Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска