1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Западот го анализира иранскиот одговор во атомскиот спор

Петте сили со право на вето во Советот за безбедност на ОН и Германија најавија детална проверка на сеопфатниот ирански одговор во спорот околу неговата атомска програма.

Главниот преговарач Али Лариџани им го предава одговорот на амбасадорите на Западните сили во Техеран

Главниот преговарач Али Лариџани им го предава одговорот на амбасадорите на Западните сили во Техеран

Документот бара подетална анализа пред да може да се даде дефинтивна оценка, порачуваат Западните политичари.

Американската администрација во првата реакција одби да го коментира документот што вчера попладне во Техеран им беше предаден на амбасадорите на шесте земји. Во американскиот Стејт департмент само се соопштува дека шефицата, Кондолиза Рајс го прекинала одморот и се вратила во Вашингтон за да се позанимава со иранскиот одговор. Амбасадорот на САД во ОН, Џон БОлтон порача:

„Денешниот одговор би требало да го содржи конечниот ирански одговор по месеци празни зборови. Ќе видиме дали се сега подготвени да ги исполнат обврските што ги презедоа со Договорот за неширење нуклеарно оружје и дали ќе успеат да го уверат светот во нивните добри намери.„

Координаторот на европската надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана порача дека одговорот на Иран бара детална анализа и при тоа не кажа ништо за содржината.

Официјален Пекинг по предавањето на одговорот го повика раководството во Техеран конструктивно да се однесува во спорот околу атомската програма. „Кина се надева дека Иран сериозно ќе ја сфати загриженоста на меѓународната заедница и ќе ги преземе неопходните конструктивни мерки„ се вели во соопштението на Министерсатвото за надворешни работи. Кинеското раководство истовремено апелира и на другите страни во спорот да го сочуваат мирот и трпението и да останат флексибилни за да се создадат услови за мирно надминување на кризата преку дијалог. Кина претходно повторно се изјасни против воведување санкции против Иран, што пак го заговараат САД. Според резолуцијата на Советот за безбедност Иран мораше да даде сериозен одговор до крајот на овој месец ако сака да спречи воведување санкции.

Во компромисниот предлог на петте сили со право на вето и Германија на Иран му се нуди меѓу другото помош за изградба реактори на лесна вода, кои користат гориво што не е подобно за создавање атомска бомба.