1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Западниот проект „пропадна“ на Косово!

„Не е толку страшно, до 17 часот сѐ беше в ред, соопштува ОБСЕ. Уште полошо е што во ОБСЕ изгледа навистина веруваат дека 'не е така страшно’'', е еден од коментарите во весниците, по изборите на Косово.

Немирите на северот на Косово покажуваат колку е важен меѓународниот притисок. Без меѓународен ангажман, радикалните националисти повоторно ќе го водат главниот збор во Белград и во Приштина, смета коментаторот на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. „Со насилство Србите на северот на Косово беа спречувани да учествуваат на изборите, но тоа не мора да биде лош знак. Тоа покажува дека екстремните сили - без оглед дали се тоа националисти или криминалци на кои им одговара матен статус на овој дел на Косово - единствено со насилство можат да ги постигнат своите цели. Со други зборови, мнозинството косовски Срби се заинтересирани за нормализација на односите, иако уште долго нема да го прифатат Косово како независна држава“.

Австрискиот „Винер цајтунг“ се осврнува пред сѐ на КФОР: „Тие можеа - всушност мораа - да сметаат на насилство. Наместо да им се спротивстават на противниците на немирите, тие само гледаа и чекаа, што во нивниот еуфемистички речник се нарекува 'деескалација'. Не е ни чудно што тепачите се чувствуваат осоколено и што овој тест за силата на безбедноста заврши со бламажа. Не е толку страшно, имено до 17 часот сѐ беше в ред, соопштува ОБСЕ. Уште полошо е што ОБСЕ изгледа навистина верува дека 'не е така страшно'. Ако не сфативме досега, од недалата сигурно знаеме - светло сината боја во ознаките на ЕУ, ОБСЕ и НАТО значи невиност и наивност“.

Сличен песимизам има и во коментарот на берлиснкиот „Тагесцајтунг“ за изборите на Косово под наслов: „Пропадна“. Во текстот се објаснува што тоа пропадна: Планот на меѓународната заедница да ги инегрира Србите на северот во косовскиот систем. „Во Белград, Брисел, Приштина па и во Берлин мора да се збунети. На националистите на северот на Косово им се нудеа големи поволности, право да управуваат сами со себе, од што веќе профитираат Србите од централно Косово. Може да се каже дека косовските Срби спаѓаат меѓу најповластените малцинства во Европа. Иако, до тој степен на автономија се стигна дури по рововски преговори“.

Понатаму весникот пишува дека Белград направил одлучни чекори, не ја призна експлицитно независноста, но на некој начин ја прифати реалноста со тоа што во Брисел седна на маса со Тачи. „Но, што сега? Како е можно, покрај меѓународните војници и полицајци, маскирани лица да ги малтретираат избирачите и да ги носат гласачките кутии? (...) Уште еднаш се покажа дека меѓународните сили, за кои даночните обврници во Европа издвојуваат милијарди се всушност силни само на хартија“.

Весникот „Луксембургер ворт“ го донесува следниот напис: „Не може рововите кои се копани столетија сега да се затрупаат преку ноќ. Меѓународната заедница, особено ЕУ, не можат да си дозволат ни политички, ни финансиски вечно да ja одржуваат статус кво позицијата. Време е националистите на двете страни да се стават в ред, ако треба и сo помош на силите за безбедност. Мртвородената сенародна Босна и Херцеговина е одличен, застрашувачки пример. Таму Бошњаците, Хрватите и Србите веќе две децении живеат и патат - секоја надеж за политички и економски напредок наидува на блокада од 'застапниците на интересите' на овие три нации“.