1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Западниот Балкан загрозен поради должничката криза

Претседателот на Светска Банка, Зелик предупреди дека должничката криза може сериозно да ги загрози земјите во Источна Европа и Западниот Балкан. Падна и рејтингот на Италија

default

Американската агенција „Стандард и Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Италија поради лошите изгледи за пораст на италијанската економија. Според агенцијата, реформите што ги предлага владата на Силвио Берлускони не се доволни. „Стандард и Пурс“ смета дека во најлош случај Италија во 2012 година повторно би влегла во рецесија. Парламентот во Рим пред само неколку дена донесе пакет мерки за штедење, тежок 54 милијарди евра. Тоа, заедно со пакетот мерки донесен во јули, треба да донесе заштеди од 102 милијарди евра.

„Стандард и Пурс“ оцени дека целите на владата тешко можат да се остварат со актуелните мерки што се преземаат. Италија, по Грција е втора по задолженост земја во еврозоната. Земјата од пролетта е под голем притисок на финансиките пазари поради сомнежите во нејзината буџетска политика. Задолженоста на Италија изнесува 120 проценти од брутодомашниот производ.

Предупредување од Зелик

Должничката криза во индустриските земји, според проценките на Светската банка, се‘ повеќе им се заканува на земјите во забрзан подем и земјите во развој. Претседателот на Светска банка, Роберт Зелик, изјави дека веќе може да се препознаат првите сигнали на зараза со кризата, како на пример, на пазарите за акции и обврзници. Мора со внимание да се следи развојот на ситуацијата, преупреди Зелик пред почетокот на есенскиот самит на Светската банка и ММФ во Вашингтон.

Според него, особено загрозени се државите во Источна и Јужна Европа, како земјите на Балканот, поради нивната близина со еврозоната. Голем дел од земхјите во збрзан подем, освен тоа, во меѓувреме имаат помал простор за дејствување во нивните државни финансии за да можат да се извлечат од новиот пад на економиите во светот. Претседателот на Светска банка ја предупреди еврозоната дека треба „да си постави неколку фундаментални прашања“, на пример - околу конкурентноста на нејзините земји членки.

China Weltbank Robert Zoellick in Peking

Роберт Зелик

Инаку, на Есенскиот самит на Светска банка и ММФ, што почнува во текот на претстојниот викенд, треба да се разговара пред се‘ за должничката криза во еврозоната, слабата конјуктура долговите на Америка и опасностите што од произлегуваат за светската економија.

Референдум во Грција?

Грција може да организира референдум околу членството во еврозоната, на кој избирачите ќе се изјаснат дали земјата треба да се бори со должничката криза внатре во еврозоната или треба да се откаже од заедничката европска валута, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Премиерот Јоргос Папандреу размислува да распише референдум поради зголемениот притисок од сите страни, кој е последица на настојувањето на странските доверители побрзо да се извршат буџетските намалувања, како и поради секојдневно организираните масовни улични протести на граѓаните поради строгите мерки за штедење, пишува весникот повикувајќи се на неименувани извори.

Според весникот предлогот во Парламентот ќе биде разгледан следните денови.

Автор: Елизабета Милошевска-Фиданоска/дв/дпа/афп

Редактор: Борис Георгиевски

 

DW.COM