1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Заострување на тонот меѓу Вашингтон и Москва

Руските сили најавија повлекување од грузискиот град Гори, во близина на границата со Јужна Осетија, соопштуваат грузиски извори. Во меѓувреме тонот меѓу САД и Русија во врска со конфликтот во Кавказ станува се‘ постар.

default

Американскиот претседател Буш со јасни предупредувања

Во регионот на Кавказ доаѓа до намалување на воените тензии. Руските трупи најавија повлекување од градот Гори, како и од пристаништето Поти во Грузија, соопштија грузиски извори. Затоа пак дипломатскиот тон меѓу Вашингтон и Москва се заострува.

Буш во диппломатска офанзива

Американскиот претседател, Џорџ Буш, премина во дипломатска офанзива - од Русија побара да се држи до нејзините ветувања и до прекинот на огнот. За заштита на слободна Грузија САД зад себе ќе го соберат целиот слободарски свет, изјави Буш. Во знак на поддршка на демократски избраната влада на Грузија, тој најави:

„Ја испраќам министерката за надворешни работи Кондолиза Рајс во Франција каде ќе разговара со претседателот, Саркози. Потоа таа ќе отпатува за Тбилиси каде на демократската грузиска влада лично ќе и‘ даде уверување дека САД стојат на страната на Грузија.“

Пред да замине за Европа, Рајс, со исклучително остар тон и‘ се обрати на Русија и рече дека доколку Москва го прекршува прекинот на огнот, тоа само ќе ја води Русија кон натамошна излоација:

„Ова не е 1968-та година и инвазијата врз Чехословачка, кога Русија им се закануваше на соседите, го окупираше главниот град, ја симна владата и се извлече. Работите се променија.“

Лавров: САД мора да се одлучат

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, пак на ваквите тонови од Вашингтон одговара со барање – САД да бираат меѓу поддршката за грузиското раководство и вистинското партнерство со Русија:

„Сфаќаме дека грузиското раководство е специјален проект на САД и сфаќаме дека САД се загрижени за тој проект. Но, еден ден ќе мора да бираат меѓу поддршката на виртуелниот проект и вистинското партнерство кога станува збор за прашања кои бараат навистина колективно дејствување“, изјави Лавров.

Франција пак во меѓувреме најави дека мировниот план за Грузија уште до крајот на оваа недела ќе го достави пред Советот за безбедност на ОН. На вчерашната седница министрите за надворешни работи на ЕУ во завршната декларација не ја критикуваа ниту Русија ниту Грузија, а беше иницирано испраќање европска мисија во кризниот регион, во форма на набљудувачи и помош.

Одборот за надворешна политика на германснкиот Бундестаг денеска ќе одржи вонредна седница посветена на конфликтот во Кавказ.