1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Заострен тонот кон руската опозиција

*


Полицијата во Русија презема мерки на насилство против опозиционерите кои демонстрираат во повеќе руски градови. Во Санкт Петерсбург повеќе десетици приврзаници на опозицијата се уапсени од страна на специјалните сили на полицијата. Вчера, беше уапсен опозициониот политичар, Гари Каспаров. Тој учествуваше на еден собир против претседателот Владимир Путин и осуден е на пет дена затвор. Поранешниот шаховски светски првак и член на опозициониот сојуз “Поинаква Русија“, направи обид да поднесе во Централната изборна комисија петиција за слободни избори на втори декември, и покрај тоа што тоа не му беше дозволено од страна на полицијата.