1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Заострен тонот кон руската опозиција


Една недела пред парламентарните избори во Русија, тонот кон опозицијата во земјата е повторно заострен. Опозициониот политичар, Гари Каспаров е уапсен на еден собир против претседателот Владимир Путин и осуден е на пет дена затвор. Поранешниот шаховски светски првак и член на опозициониот сојуз “Поинаква Русија“, направи обид да поднесе во Централната изборна комисија петиција за слободни избори на втори декември, и покрај тоа што тоа не му беше дозволено од страна на полицијата. Покрај Каспаров, уапсени се и други противници на владата. Според изјави на очевидци и во други градови на Русија безбедносните сили притвораат голем број луѓе кои сакаат да учествуваат на демонстрациите на опозицијата.