1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Заострени безбедносни мерки во САД по повод празникот 4 јули

*

Во САД се преземаат посебни мерки на безбедност за денешниот Ден на независноста. На осумте главни аеродроми во земјата се распоредени специјализирани антитерористички тимови опремени со кучиња за препознавање експлозив, како и експерти за препознавање на патници со невообичаено однесување. Засилените мерки не се должат на конкретни закани за безбедноста на американските граѓани, туку имаат повеќе превентивен карактер поради осуетените бомбашки напади во Велика Британија.