1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Заокружен успешниот настап на германските екипи во Европа

Со три победи и едно реми, германските тимови го заокружија колото без пораз во европските фудбалски натпреварувања. Во Лига Европа, Борусија Менхенгладбах се врати на победничките патеки со триумф над Марсеј.

Борусија Менхенгладбах одигра одличен натпревар во победата над францускиот Олимпик Марсеј пред своите навивачи. До победата од 2:0 тимот од Менхенгладбах стигна со головите на Даемс од пенал во првото и на Млапа во второто полувреме.

Тренерот на Борусија, Лусиен Фавр ќе се обиде да ја искористи победата како пресвртница во тешката сезона за неговиот тим, кој најпрво испадна во квалификациите за Лигата на Шампионите, а потоа доживеа и серија тешки порази во домашното првенство.

Бајер Леверкузен триумфираше во Виена, во дуелот против Рапид со 4:0. Дефанзивецот Волшид донесе предност во 37. минута, а мечот беше практично решен во период од две минути во вториот дел кога најпрво Кастро во 56. а потоа и Белараби во 58. минута донесоа предност од 3:0. Конечниот резултат го постави Кастро во судиското надополнување на мечот. Со трите бода Бајер се искачи на прво место во својата група со 7 бода.

Хановер до драматична победа

Вистинска драма на своите навивачи им приреди Хановер на гостувањето кај Хелсингбор. Раното водство преку Диуф, Хановер го одржуваше се до 90. минута, кога домаќините израмнија со погодокот на Сантос. Но на гостите им требаа само 30 секунди да се соземат и преку Ја Конан да победат со 2:1 и да ги однесат трите бода на северот на Германија.

Helsingborg IF - Hannover 96

Фудбалерите на Хановер го прославуваат победничкиот гол

Единствено разочарување беше настапот на Штутгарт на домашен терен против данскиот Копенхаген. Во реми без голови, играчите на Штутгарт не делуваа многу инспирирано и не успеаја да го најдат патот до голот покрај цврстата одбрана на Копенхаген.

Добрите настапи на германските екипи во Евролигата само го надополнија одличниот впечаток кој го оставија Бајерн Минхен, Борусија Дортмунд и Шалке со победите над Лил, Реал Мадрид и Арсенал во Лигата на Шампионите.

Викендов се игра редовното коло во германската Бундеслига кое носи неколку дерби натпревари и ветува многу возбудливи мечеви. Колото вечерва го отвораат Аугсбург и Хамбургер.