1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Заобиколувања на ембаргото кон Иран

Во Хамбург четворица мажи мораат да одговараат пред суд. Тие треба да одговараат за прекршување на ембаргото кон Иран. Дали ова е изолиран случај?

Во многу земји извозот на специјални вентили од германско производство би одел без проблеми. Но, извозот во Иран е забранет. Но, четворица мажи свесно го прекршиле ембаргото кон Иран и затоа мораат да одговараат пред судот во Хамбург. Во обвинението се вели дека учествувале во испорака на вентили од Германија во Иран, а освен тоа посредувале и во други испораки од Индија кон Иран. Според наводите на судот, специјалните делови би требале да бидат испорачани на иранска компанија, која е одговорна за изградбата на нуклеарен реактор со тешка вода во иранскиот град Арак. Реакторот би можел да биде употребен за производство на плутониум за атомско оружје.

Iran Ölembargo EU USA

Забраната за увоз на иранска нафта од минатата есен е надополнета и со забрана за убоз на ирански гас

Условите за трговија со Иран се толку остри како со ретко која друга земја во светот. Позадината на тоа е грижата на многу нации дека Иран, и покрај потписот на Договорот за неширење на атомското оружје, сака да стане нуклеарна сила. САД и ЕУ неодамна поставија економски санкции, пред се’ во однос на иранските банки и на енергетскиот сектор. Покрај забраната за увоз на иранска нафта, од есента 2012 година е забранет и увозот на иранскиот гас. Покрај тоа се забранети и плаќањата меѓу иранските и европските банки. Под ембарго се генерално сите технологии, услуги или други поддршки кои можат да бидат искористени во иранската нуклеарна програма.

И покрај санкциите, Германија останува најзначаен западен трговски партнер на Техеран и покрај Кина, Обиденетите Арапски Емирати, Индија и Јужна Кореја е една од најзначајните земји од кои се увезува во Иран. Во 2012 година германските фирми извезле во земјата стоки во вредност од 2,5 милијарди евра.

„Соодветни контроли“ кои можат да се заобиколат

Одлуката кои стоки да се извезуваат кон Иран е тешка и зависи од секој поединечен случај, но она што во земјата се увезува би можело да биде искористено како за цивилни, така и за воени цели. Во Иран не смеат да се извезуваат и некои метални легури за пломби за заби, објаснува директорот на Германско-иранската трговска комора. Причината за тоа е што процентот на одреден метал во нив е многу висок.

Сите испораки кон Иран мораат формално да бидат пријавени во царината. За да се избегнат проблеми при трговијата со Иран многу германски компании бараат потврда од Сојузната служба за економија и контрола на извозот (БАФА) за тоа дали нивниот извоз е безбеден. Во многу случаи е забранет извоз на добра наменети за фирми и банки блиски до владата, како и за Иранската револуционерна гарда. Германските компании мораат да потврдат дека нивните клиенти не спаѓаат во оваа листа на фирми.

Hamburger Binnenalster mit Rathaus FREI FÜR SOCIAL MEDIA

Случајот од Хамбург се чини дека не е единствен во Германија

Но, контролите можат и лесно да се заобиколат, критикува Михаел Шпанеј, портпарол на иницијативата „Запрете ја бомбата“, која се залага за остри линии во однос на Техеран.

„Според нашите информации, релатино е лесно да се прават нелегални бизниси со Иран“, објаснува Шпанеј. Посредници со германски пасош основаат фирми според германскиот закон. Контролите за овие камуфлажни фирми секако дека се помали во однос на меѓународните фирми, вели Шпанеј. Така, на пример, постои фирма која е во сопственост на Иранската револуционерна гарда, но е едноставно преименувана и со помош на посредници повеќе не може да биде препознаена. Дополнително на тао, за германските компании е едноставно полесно да извезуваат од трети земји, како што е Турција.

Така е и во случајот од Хамбург. За да се заобиколат контролите при извоз, четворицата мажи како крајни корисници навеле фирми со седиште во Турција и Азербејџан. Но, на долгиот пат сепак стоката завршила во Иран, објаснува Шпанеј.

Според податоци од германскиот магазин Фокус, минатата година се зголемил бројот на прекршувања на Законот за контрола на военото вооружување и Законот за надворешна трговија. Лани се регистрирани 136 такви случаи, или 35 повеќе од претходната година. Третина од тие случаи се однесуваат на Иран.