1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Замрзнати сметки на обвинети помагачи на хашките бегалци

*

Финансиските власти во Република Српска денеска објавија дека замрзнале 33 банкарски сметки на лица обвинети дека им помагаат на бегалците што ги бара хашкиот трибунал. Меѓу обвинетите се поранешни политичари и познати бизнисмени, како поранешниот босанско српски министер за финансии Миленко Врачар и поранешниот член на босанското претседателство Мирко Шаровиќ. Одлуката за замрзнуваење на сметките е донесена по барање на меѓународната заедница. На дел од нив, од истите причини им е забранет влез во ЕУ и САД