1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Замрзната помошта за Грција

Меѓународните кредитори на Грција, т.н. Тројка, составена од ЕУ, ЕЦБ и ММФ, донесе одлука да ја замрзне помошта за земјата. Како образложение се наведува неспроведувањето на ветените реформи.

Покрај замрзнувањето на помошта, одложена е и посетата на претставници на ЕУ, ММФ и ЕЦБ на Грција, планирана за наредната недела. Во Брисел е соопштено дека посетата се одлага до јануари, а грчката влада дотогаш има време да постигне напредок во реформите. Според дипломатите, спорно, меѓу другото, е реструктуирањето на државните претпријатија. Освен тоа, Тројката сака да се расчисти колку е голема „дупката“ во грчкиот буџет за наредната година.

На веста за замрзнување на помошта Атина реагира опуштено. Земјата може без проблем да излезе на крај без финансиска помош до крајот на јануари, се вели во кругови на Министерството за финансии во Атина.

Темата треба да се најде на дневен ред на средбата на министрите за економија на 17-те земји на Еврогрупата во понеделник (9.12). Претседателот на ЕК, Жозе Манел Барозо, пред неколку дена го опомена грчкиот премиер Самарас дека се неопходно повеќе напори за санација на буџетот и во делот на приватизацијата, како и забрзување на реформите во даночната сфера и во јавната администрација. При разговоровот со Барозо во Брисел, Самарас изрази уверување дека проблемите ќе бидат отстранети до крајот на годината.

Athen Griechenland Parlament Plenum

Парламентот го изгласа бџетот

Грција досега од кредиторите има добиено два пакети финансиска помош во висина од 240 милијарди евра. Од септември годинава владата во Атина води преговори со Тројката за определени реформи од кои зависи исплаќањето на наредната транша помош во висина од една милијарда евра.

Парламентот даде зелено светло за буџетот за наредната година

Најавата од Брисел за замрзнување на помошта за Грција дојде во текот на расправата на пратениците во грчкиот парламент околу буџетот за 2014 година. При поединечното гласање, мнозинството пратеници се изјасни „за“ буџетот, кој предвидува натамошни мерки на штедење и кратења во социјалната сфера. За буџетот гласаа 153 пратеници, додека 142 беа против. Четворица парламентарци не учествуваа во гласањето.

Гласањето беше уште тест за владата на Самарас, која пред еден месец преживеа гласање за доверба. Барањето го поднесе најголемиот опозиционен сојуз на радикалната левица Сириза.