1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Замолкна оружјето на Блискиот исток

Оружјето на Блискиот исток денеска во седум часот по средноевропско време конечно замолча. Но, изминатата ноќ однесе многу нови жртви, а беа разорени и неколку предградија на Бејрут. Последната вест од регионот е дека најмалку седум лица загинале утринава во источен Либан кога израелски авион погодил комбе полно со полицајци, војници и цивили. Нападот се случил само неколку минути пред да стапи на сила при

Штетите и жртвите допрва ќе се утврдуваат

Штетите и жртвите допрва ќе се утврдуваат

мирјето. Либанските безбедносни сили потврдуваат дека по договорениот термин за прекин на огнот нема нови инциденти. Патот кон мир на Блискиот исток конечно се отвори кога израелскиот кабинет ја донесе одлуката да ја прифати резолуцијата на ОН

Одлуката, за која гласале 24 министри, а само еден бил воздржан официјално ја пренесе министерката за надворешни работи Ципи Ливни на која и падна да му објасни на народот како Тел Авив по четири недели војна и многу жртви на двете страни конечно се реши да оди по дипломатскиот пат:

„Јас не живеам само со мојот народ, туку живеам на Блискиот исток. И мене ми е јасно дека не може секое решение да биде спроведено, и дека секогаш има потешкотии. Но, можам сосема јасно да тврдам дека оваа Резолуција е едно добро решение за Израел“. Претходно израелскиот премиер Олмерт појасни дека во резолуцијата јасно се поставени предусловите за разоружување на Хезболах, нешто што не се направи со пртеходните резолуции, и нешто што Израел се обидуваше во изминативе недели да го направи со помош на воената интервенција. Новата резолуција ги решава старите проблеми, рече и министерката Ливни:

„Либанската армија не го контролираше Јужен Либан. Хезболах постојано добиваше оружје од Сирија и Иран, преку Сирија. По резолуцијата 1559 со која се бараше разоружување на Хезболах, бевме сведоци на еден интерен дијалог со Либан кој не водеше никаде.“

Сега треба да биде поинаку, потенцираше министерката Ливни. За неа имплементацијата на резолуцијата е тест за сите:

„Овој момент е тест не само за либанската влада туку и за меѓународната заедница. Очекуваме од меѓународната заедница да се имплементира оваа резолуција, и тоа што поскоро, тоа подобро“.

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак се надева дека резолуцијата ќе се спроведе, но дека ситуацијата е се уште деликатна:

„Очекувам дека ќе се запре со нападите и престрелките, но дека тоа многу лесно може да биде нарушено. Сега бегалците ќе почнат да се враќаат дома, но Хезболах може многу лесно да реши да прошверцува дел од нивните борци меѓу цивилите, и вие тоа не можете да го контролирате. Ова ќе биде навистина и тест за меѓународната заедница и нејзината способност да и помогне на либанската влада да се спроведе одлуката на ОН“.

Според резолуцијата во регионот треба да бидат стационирани

15 000 меѓународни мировници и 15,000 либанска војска. Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана во Ерусалим изјави дека веќе се во тек подготовки за распоредување на првите 4000 војници.

„Разговарав со неколку земји во изминативе денови и мислам дека ќе бидеме во можност да гарантираме дека Европските сили ќе бидат силни и ќе може да се распоредат во регионот за многу брзо време.“

Италија веќе најави дека ќе учествува во ваквите сили. Претставник на италијанското министерство за одбрана вчера соопшти дека земјата најверојатно ќе испрати две до три илјади војници во оваа мисија.