1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Замокот Нојшвајнштајн како едно од седумте светски чуда?

Кралот Лудвиг Втори од Баварија беше сонувач чија ексцентрична имагинација не беше ограничена од реалноста. Лудиот владетел, како што го нарекуваа луѓето , градеше замок по замок – чија грандиозност и сјај на крајот доведе до негова пропаст.

Замокот Нојшвајнштајн

Замокот Нојшвајнштајн

Најпознат меѓу колекцијата замоци на кралот Лудвиг е Нојшвајнштајн, кој се наоѓа во јужна Баварија. Тој e на врвот на листата на културни обележја кои мора да се видат, на речиси секој турист кој доаѓа во Германија. Токму затоа во последниве неколку години се прават напори да се намали напливот на посетители, со новиот систем за „контрола на сообраќајот“ .

Долгите редици за чекање беа една од главните забелешки на посетителите на замокот, но управителот на замокот Клаус Петер Шек објаснува како се менуваат работите „Кога посетителот купува карта, тој добива и податок завремето кога треба да влезе и времетрањето на посетата, а на картата е отпечатен и бројот на турата“

Иако редиците за чекање се скусени, посетителите сеуште, мораат да сметаат и на 30 минутно возење до таму, со оглед дека замокот се наоѓа на врвот на еден гребен, висок 1000 метри.

Оние кои ќе стигнат дотаму ќе бидат добро наградени. Целта на кралот Лудвиг била да изгради идеален замок, по примерот на старите замоци на витезите. Цел за која многумина ќе кажат дека ја остварил.

Иако првобитно беше замислено како место за одмор на лудиот крал и далеку од очите на јавноста, замокот Нојшвајнштајн беше отворен за посетители кратко по неговата смрт во 1886-та година. Од тогаш, секоја година доаѓаат повеќе од 1 милион и 300 илјади луѓе за да се воодушевуваат од златото и сјајот, сомотот и свилата, кичот и уметноста, и се друго што нуди замокот: „Има околу 90 соби, 16 од нив се целосно реновирани. Најважната соба во замокот е Зенгерзал или салата за пејачи. Историчарите на уметноста сметаат дека тоа била и причината зошто бил изграден и замокот“

Салата на пејачите, е украсена со златни лустери и му е посветена на композиторот Рихард Вагнер. Сцени од оперите на Вагнер, кои се засновани на германската митологија, се отсликани на зидовите ширум замокот.

Кралот Лудвиг не бил познат по тоа што бил во контакт со реалноста, особено со реалноста на неговите финансии. Изградбата на замокот Нојшвајнштајн ги надмина неговите финансиски извори . Во 1886-та година, 40 годишниот крал беше прогласен за неподобен и беше симнат од тронот. Кратко потоа, тој си го одзема животот.

Но замокот од соништата на лудиот крал живее и натаму- за преку 6000 посетители дневно во цветот на сезоната.

Кон новитетите, покрај закажувањето на посетата се вбројува и новата музејска продавница. И тука е пронајдено решение за надминување на долгите редици за чекање. За хај-тек настроените посетители постојат и онлајн продавници, каде што тие можат да ја нарачаат посакуваната книга или репродукција.

Сетоа ова се вклопува со високо технолошкиот пристап и на самиот крал Лудвиг. Уште во негово време, сите соби во замокот биле загреани преку централен систем за греење со топол воздух и секој кат имал вода. Во тоа време, модерни решенија.

Меѓутоа сетоа тоа не го спречило замокот да старее со текот на времето. „Најголем проблем се посетителите, бидејќи тие носат влага со себе а текстилот и муралите страдаат поради влагата“-признава Шек.

Од другастрана, фактот дека замокот не бил загреван 130 години ,ја намалува штетата истакнува директорот на Нојшвајнштајн.

Редовното одржување и последните поголеми зафати за реновирање меѓутоа не беа ефтини. Покраината Баварија потроши 11 милиони евра во последните 15 години за реновирање и за новиот систем за организирање на посетителите. Ова можеби изгледа многу, но од другастрана Нојшвајнштајн е и добар извор на приходи.

Што е уште поважно инвестицијата може да биде наградена и со нешто што нема цена: посакуваната титула „Седум светски чуда“.

Поранешни соработици во УНЕСКО имено дојдоа на идеја да ја ревидираат старата листа на светски чуда и комитет на експерти одбра 21 културно одбележје ширум светот, од кои сега ќе се избираат седумте врвни . Меѓу овие места се наоѓа и Нојшвајнштајн. Изборот на новите седум светски чуда треба да се случи во втората половина од наредната година .

Нојшвајнштајн, како едно од седумте светски чуда?

Можеби збучи лудо, но на кралот Лудвиг оваа идеја сигурно би му се допаднала.