1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Заложничките драми во Авганистан продолжуваат

*

Напорите на ослободување на заложниците од Германија и од Јужна Кореја во Авганистан и натаму траат. Во случајот со 21-иот јужнокорејски заложник , владата во Сеул сега се залага за директни преговори со Талибанците за ослободување на заложниците . Министерството за надворешни работи на Германија пак соопшти дека и натаму работи интензивно за ослободување на киднапираниот градежен инжинер . Во меѓувреме пак беше погребан вториот германски градежен инжинер кој како што потврди обдукцијата бил убиен од киднаперите во Авганистан. Неговото тело беше пронајдено во Авганистан неколку дена по објавувањето дека бил киднапиран заедно со неговиот колега на југот од Авганистан.