1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Заложничките драми во Авганистан продолжуваат

*

Судбината на 22-та јужнокорејски заложници во Авганистан и натаму е неизвесна. Нивните грабнувачи, Талибанците за дополнителни часа го продолжија ултиматумот до властите во Кабул за ослободување од затвор на нивните соборци во замена за Јужнокорејците. И овој рок меѓутоа истече. Портпарол на Талибанците претходно се закани дека ќе биде убиен еден или повеќе од заложниците, доколку не бидат исполенто нивнотот барање. Сеуште се водат преговори за ослободување и на германскиот инженер кој е заложник на непозната група во Авганистан. Според информациите тој бил во добра состојба. Од вчера во Келн во тек е обдукција на вториот германски

државјанин кој беше застрелан од киднаперите во Авганистан. Агенциите предмалку јавија за напад на талибанците врз агенција за обезбедување во кој загинале десет лица.