1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Заложничката драма во Авганистан продолжува

Веќе две недели германскиот инженер Рудолф Б. и неговиот авганистански колега се киднапирани од Талибанците во Авганистан. Сеуште се прават напори и за ослободување на 21 јужнокорејски заложници

default

Роднините на киднапираните Јужнокорејци

Германците во Авганистан будно ги следат вестите за грабнатиот инженер.И Геролф Дехентраитер од Ирене Салими болницата во Авганистан,кој веќе дванаесет години живее таму,се интересира за случајот.Болницата тој ја изгради заедно со неговата жена.Последните случаи на киднапирање за него не се причина за прекин на контактите со Авганистанците,но нужни се одредени безбедносни мерки,вели тој,како на пример три метри високиот ѕид околу болницата,што во Авганистан е вообичаено.

„Пред вратата немаме стражарница ниту стражари со оружје.Тоа зборува само за страв и за потреба од обезбедување,што само би ги привлекло луѓето“,вели Дехентраитер.

Став на опуштеност, кој владее и кај многу Германци во Кабул,зашто статистички гледано,грабнати се многу повеќе Авганистанци.

Конците се влечени од соседството

Во провинцијата Газни,која започнува на околу 100 километри југозападно од Кабул,безбедносните мерки на полицијата се видливо заострени.

Овде се грабнати не само Германците, според информации на АРД од локална Пашту група со криминални мотиви,туку и 21 јужнокорејски заложници од страна на Талибанците.

Гувернерот на провинцијата смета дека конците на грабнувачите се влечени од соседниот Пакистан:

„Пакистанската тајна служба и пакистанските Талибанци ја контролираат состојбата“,вели Марахудин Патан.

Неговите разговори со Талибанците од нив се преведувани на пакистанскиот говор Урду.

Директни преговори меѓу Талибанците и јужнокорејска делегација не се во вид,екстремистите сакаат разговорите да се водат во место кое тие го контролираат или безбедносни гаранции од ОН.

Гувернерот Патан:

„Тие не контролираат ниту едно место.Кога ќе слушнат хелихоптери,ги исклучуваат нивните мобилни телефони и се преплашени до смрт.“

Нејасни барања

Нејасно е исто така што сакаат Јужнокорејците да им понудат на Талибанците во замена за заложниците:некои би биле задоволни со откупнина,но јадрото од грабнувачите бара ослободување на нивните соборци,што претседателот Карзаи го одби.

Целосно нејасни се и барањата на киднаприте во случајот со германскиот инженер Рудолф Б.Гувернерот Патан сака да укаже на следново:

„Луѓето кои ги држат Германците се криминалци.“

Грабнувањето странци ангажирани на обновата на Авганистан според проценката на набљудувачите е обид за спречување на работите и за предизвикување несигурност кај странците и Авганистанците.