1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Заложници – Авганистан

*

Јужнокорејската влада потврди дека водела директни разговори со радикалните Талибанци во случајот на грабнатите јужнокорејски заложници во Авганистан. Портпарол на претседателскиот кабинет во Сеул, соопшти дека не може да наведе детали за разговорите, за да не биде загрозен животот на заложниците. Дипломати од Јужна Кореја вчеравечер се сретнале со претставници на Талибанците во една од канцелариите на Црвената полумесечина во провинцијата Гаси. Граѓаните на Јужна Кореја кои учествувале во обновата на Авганистан, беа киднапирани на 19 јули. Двајца од групата заложници се веќе убиени. Претставници на јужнокорејската влада соопштија дека ќе се прават напори за натамошни разговори со Талибанците. Во случајот со германскиот инженер, грабнат исто така на средината од јули во Авгнаистан, нема нови информации.