1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Заладување на руско-британските односи

*

Руското минитстерство за надворешни работи предупреди дека протерувањето на четворицата руски дипломати од Велика Британија ќе има сериозни последици на односите меѓу двете земји. Портпаролот на министерството, Михаил Камнин потегот го нарече неморален и предупреди на соодветен одговор. Британија ги протера руските дипломати по одбивањето на Москва да го екстрадира Андреј Луговој, главниот осомничен за убиството на поранешниот агент на КГБ, Александар Литвиненко. Москва образложи дека нејзиниот устав не дозволува екстрадирање на руски граѓани.