1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Закоравени фронтови на Блискиот исток

Обидите на Блискоисточниот мировен квартет да донесе придвижување во застојот на мировните преговори за сега не вроди со плод.

default

Саеб Ерекат

Израелците и Палестинците сепак изразија готовност во наредните месеци да поднесат предлози за мировно решение на Блискиот исток, порача претставник на ОН во Ерусалим. Таму вчера се одржаа одвоени преговори на претставници на Блискоисточниот квартет под водство на специјалниот пратеник Тони Блер со страните во конфликтот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата влада е заинтересирана за директни преговори, но без поставување претходни услови. Преговарачот на Палестинците Саеб Ерекат, пак, порача оти предуслов за преговори останува и понатаму прекинот на градењето еврејски населби на палестинските автономни подрачја. Не можеме да водиме преговори додека некој постојано ни ја краде земјата под нозете, нагласи Ерекат.

Автор: ГЧ/ дв/ дапд

Редактор: Александра Трајковска