1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Законот на посилниот

Луѓето во сиромашните квартови на Рио де Женеиро веќе подолго време говорат за војна. За време на викендот судирите меѓу ривалските банди на дилери на дрога и полицијата ескалираа. Во претстрелките загинаа 12 лица.

default

Безредија во Рио

Во сиромашните квартови на Рио де Жанеиро тоа е речиси секојдневна слика. Вооружени судири меѓу полицајците и бандите на шверцери на дрога се случуваат дури и среде бел ден.Тие овојпат беа предизвикани од полициската акција против група дилери на дрога.

Во текот на викендот воздушниот простор над сиромашните квартови на Рио, таканаречените фавели, беше затворен. Причина за тоа беше фактот дека бандите

unruhen in Brasilien

Пожарникари и полицајци на местото кадешто се урна полицискиот хеликоптер

располагаат со најмодерно оружје, меѓу другото и со ракети. Една таква ракета погоди полициски хеликоптер, кој веднаш се запали.

Во фавелите владее законот на посилниот

Пред да експлодира на пилотот му успеа принудното слетување. Четворица од патниците во хеликоптерот се спасија со тешки изгореници. Двајца полицајци загинаа.

Во сиромашните квартови на Рио владее законот на посилниот, значи најчесто на бандите на трговци со дрога. За време на викендот тие возвратија на полициската акција особено жестоко и меѓу другото запалија повеќе автобуси. Во меѓувреме, во критичните подрачја беа распоредени околу 4.500 полицајци како поддршка во судирот против шверцерите на дрога.

Дополнителните полициски сили се испратени за да се избегнат нови судири во сиромашните квартови на градот, изјави секретарот за безбедност во државата Жозе Мариану Белтраме.

Рио е едно од најопасните места во светот

Инаку, во престрелките меѓу ривалските банди и

In den engen Gassen der Favela Rocinha in Rio de Janeiro

Условите за живот во фавелите се очајни

полицијата се’ почесто гинат и недолжни жители на фавелите. Луѓето страдаат во состојба слична на војна. Шест милионската метропола и натаму останува едно од најопасните места во светот. Тоа е голем проблем за организаторите на Летните олимписки игри кои треба да се одржат во Рио де Женеиро, во 2016 година.

Бразилските власти тврдат дека безбедноста нема да биде проблем за време на Олимпијадата во 2016 година. Тие соопштија дека насилствата ќе ја засилат одлучноста да ја зголемат безбедноста за Олимпијадата, но и порано - за време на Светскиот куп во фудбал во 2014 година. Панамериканските игри во 2007 година минаа без големи инциденти откако властите распоредија 15.000 специјално обучени полицајци во Рио.

Автор: Андре Сурен / миа / Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска